Македонија остана на 68. место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана 68 на најновата ранг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација. Убедливиот пораз од 4:0 против Ерменија е причинита поради која Македонија не напередуваше во октомври иако се очекуваше да го подобри својот ранкинг за некое место поради постигнатите резултати во последниот период.

Следните два противника во ноемврските квалификации од Лигата на нации имаа различен исход на новото рангирање. Лихтенштајн бележи пад од четири места и сега 182, додека Гибралтар направи голем скок од осум позиции за во монетов 190 место. Ерменија е 101 со пад од едно место.

Белгија остана сама лидер на ФИФА ранг листата, пред Франција, која е втора, а во најдобрите десет влегуваат, Бразил, Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ