Македонија очекува да стане членка на НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува Македонија да стане 3о-та членка на НАТО. Се надева дека Алијансата ќе ја препознае одлучната посветеност и политичката волја на Владата при исполнувањето на поставените задачи.

Македонија е ценет партнер на Алијансата, рече заменик шефот на Воениот штаб на Директоратот на НАТО, Егил Педерсон, во рамките на работлиницата на НАТО. Генералот Џејмс Еверард укажа на големиот придонес и зголемувањето на учеството во мировните мисии на Алијансата.

На работилницата ќе учествуваат 180 претставници од земјите членки на НАТО и земјите партнери.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ