Македонија нема амбиент за поголема интернет продажба

Едвај 1 % од фирмите во Македонија ги продаваат своите производи на интернет. Наспроти светските искуства, македонските компании допрва учат како да се појават а потоа и наметнат во светот на дигитализацијата и како интернетот да го искористат за намалување на нивните трошоци во производството и продажбата

Mакедонските компании мора да почнат со идентификација на нивните производи.Тоа ќе им помогне, како да си ја зголемат видливоста на светскиот пазар.Ако ја воведат дигитализацијата, трошоците ќе паѓаат во зависност од видот на фирмата , без разлика дали се работи за прекугранична трговија, царини,складирање и логистиката, вели Роберт Бајдеман.

Од Стопанската комора велат дека во Македонија нема амбиент за дигитализација. По три децении што ги изгубивме за справување со основните предизвици во економијата, бизнисот допрва учи дека со дигитализацијата фирмите добиваат конкурентска предност што може да ги извади на странските пазари. Притоа вели Азевски не смееме да го користиме принципот на постојано уривање и градење од почеток, зашто тоа е погубна формула

Имаме ли економија, компании на кои тоа ќе им служи, имаме ли бизнис опкружување кое така функционира? Ние тврдиме дека имаме, но со низа слабости кои за жал мора да ги решаваме на двоен колосек, вели Азески.

Анализите покажуваат дека од 600 компании регистрирани за он лајн продажба, квалитетни се едвај 5. Е побарувачка има но нема понуда велат експертите, мслиме дека користиме дигитална технологија а всушност работиме со нешто што е старо две и повеќе децении.

Се уште сме на почеток, мора да ја подигнеме свеста и да сфатиме дека овој процес не подразбира едноставно он-лајн купување или имање веб страница, туку претставува многу подлабок систем на интегративни решенија во технолошките процеси, вели Слаѓана Милутиновиќ.

Е пазарот во Македонија   во момнентов вреди околу 140 мил евра а тенденцијата на раст е 1,5 % годишно.Последното истражување покажало дека лани на интернет пазареле 66 % од македонците на возраст од 19-54 год, но понудата не ги поттикнува доволно купувачите бидејќи тие се  плашат од квалитетот на производите што се нудат и од можна злоупотреба на личните податоци.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ