
Македонија мора да и испорача на ЕУ судски реформи и истраги
Потребно е да се изгради нов профил на судии и јавни обвинители кои целосно ќе бидат ослободени од партиски влијанија и ќе постапуваат независно. Македонија мора да и испорача на Унијата судски реформи и истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, особено на највисоко ниво.
Скринингот ќе стартува за две недели и ќе започне со судството, со поглавјата 23 и 24. Формирани се работни групи кои ќе работат на реформите. Европските правила мора да се почитуваат. Процесот е неизбежен доколку сакаме наредната година да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ, вели судијата Милка Ристова.
Корупцијата во судството мора да се спречи. Една од задачите е да се дефинира нов модел на Антикорупциска комисија која ќе биде експертска, ослободена од какви било политички влијанија и која ќе има ингеренции да ја врши работата онака како што треба.
Стартот на процесот ќе го објави Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Ќе го води Европската комисија која ќе треба да ја подготви нашата држава за преговорите со ЕУ. Врз основа на тие информации замјите членки на Унијата ќе ги носат своите одлуки во процесот на преговори со Македонија.
Јулијана Пешевска