Македонија кубури со средно-стручен кадар

Бравари, електричари, водоводџии, шивачи се најчестите дефицитарни профили кои фирмите ги бараат, ама тешко можат да ги обезбедат.

Од Земјоделското стручно училиште „Моша Пијаде“, велат дека нивната образовна установа од наредната учебна година ќе стане регионален центар, кој ќе се овозможи квалификација и преквалификација на сите заинтересирани согласно потребите на пазарот на трудот, односно во ова училиште освен формално ќе има и неформално образование.

Од месец мај годинава, ќе се започне со доопремување на училиштето и пренамена на просториите за регионален центар.

Освен во Тетово, вакви регионални центри ќе функционираат во Охрид и Куманово во склоп на тамошните стручни училишта. Парите за центрите ќе ги обезбеди владата преку фондови од Европската унија.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ