
Македонија ќе врати 70 милиони евра во банката на Советот на европа за нереализираниот Клинички центар
Државата ќе врати 70 милиони евра во банката на Советот на европа, што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар.
До септември заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравстена услуга на едно место.
Ова беше истакнато на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет министерот за финансии драган тевдовски истакна дека парите ќе бидат вратени без државата да плати пенали или дополнителни средства.
Тој појасни деак договорот е склучен на 97 милиони евра, од кои 70 милиони се за клиничкиот центар во скопје и кои ќе бидат вратени, а 27 милиони евра се наменети за клиничката болница во штип и тој проект се реализира.