
Македонија ќе ги преименува аеродромот и автопатот
Македонија во знак на добра волја за надминување на спорот за името и дека нема иредентистички претензии кон Грција ќе го смени името на аеродромот „Александар Велики“ и на истоимениот меѓународен автопат, кој ќе се преименува во „Пријателство“. Ова го соопшти македонскиот премиер Зоран Заев по тричасовната средба која попладнево ја имаше со свој грчки колега Алексис Ципрас околу процесот за решавање на спорот за името.
„Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Мораме да водиме грижа за нашите интереси и за нивните интереси. Решенито мора да биде во заштита на националиот дигнитет и идентитет от на нашите народи. Со цел конкретно да покажаме дека сме посветени во процесот на изнаоѓање решение, најавувам дека Владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“.
Нашите активности ја докажуваат нашата добра волја. Ова сведочи на фактот дека немаме никакви територијалнин аспирации кон нашиот сосед. Од своја страна тие ќе ја покажат добрата волја и ќе ни дозволат да ја зголемиме нашата соработка со ЕУ и со други меѓународни организации“, изјави Заев.
Заев и Ципрас по средбата изјавија дека тие настапуваат со прагматизам и одговорност во изнаоѓање на решение. Ципрас притоа изјави дека за Грција останува на позицијата решението за името мора д абиде за севкупна употреба односно ерга омнес.
„Мора да најдеме решение за сите наши отворени прашања, за како што посакува нашиот сосед, нејзиниот пат за членство во ЕУ и НАТО се придвижи напред. Особено нагласив дека мора да најдеме взаемно прифатливо решение ’ерга омнес’. Во таа рамка ние се согласивме да ги интензивираме преговорите кои се одвиваат под покровителство на ОН во насока на изнаоѓање на решение за името“, изјави Ципрас.
Ципрас сопшти дека добил ветување од Заев дека ќе преземе вашни иницијативи за сузбивање на иредентизмот во сите форми. За возврат Грција, како што соопшти тој, ќе ги поддржи процедурите кои претходно ги суспендираше – кандидатурата на Македонија во Јадранско-јонската иницијатива и ратификацијата на втората фаза од Спогодбата за стабилизациија и асоцијација на Македонија со ЕУ во грчкиот парламент, како највисока форма на институционална асоработка на земјава со ЕУ, која е во прцедура на одобрување во Советот на Унијата од 2009 година.
Заев во Давос соопшти дека двете земји ќе ги подигнат преговорите на ниво на министри за надворешни работи.
Инаку за в сабота во Скопје е закажана лидерска средба за, како што соопштија од македонската влада, да се изгради широк национален консензус за процесот за името. Учество на средбата во Клубот на пратениците која ја организира МНР потврдија претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Тамара Грнчароска