
Македонија ја извлече Романија во мундијалската лотарија
Македонскатата ракометна репрезентација ја доби Романија за противник во баражот за пласман на Светското првенство во Германија и Данска што ќе се одржи во јануари 2019 година.
Нашиот национален тим беше носител на денешната ждрепка што се одржа во загрепска „Арена“ на претпоследниот ден од Европскиот шампионат во Хрватска. Првиот меч против Романија ќе го одигра на гостински терен во периодот од осми до јуни, додека реваншот пред своите гледаќи ќе биде закажан од 12 до 14 јуни.
Во плеј офот девет места од Европа треба да се пополнат за мундијалската завршница. Покрај Германија и Данска кои ќе бидат ко-домаќини на СП кој ќе се одржи од 9 до 27 јануари 2019-та, како и Франција која е актуелен светски шампион, за европските селекции останува уште едно место, а тоа е резервирано за Европскиот првак, односно победникот од финалниот меч меѓу Шпанија и Шведска кој ќе се игра утре.
Двојки во бараж за пламан на СП:
Романија – Македонија
Србија – Португалија
Литванија – Исланд
Чешка – Русија
Словенија – Унгарија
Белорусија – Австрија
Холандија – поразениот од мечот Шпанија или Шведска,
Норвешка – победникот од мечот Швајцарија или Босна и Херцеговина.
Хрватска – Црна Гора