Македонија има висок степен на човеков развој, но е на дното во Европа

Македонија спаѓа во земјите со висок степен на човеков развој, но се наоѓа на дното на Европа, а на 82 место во светот. Извештајот на УНДП за човекот развој наведува дека во сите категории во кои се мери човековиот развој земјава постиганала унапредување – зголемен животен, пораст на БДП по жител, а има и поголема родова рамноправност. Но тоа се уште не е доволно за да го стигне европскиот просек. Шефот на државата кде се презентираше Извештајот излез од ваквата ситуација гледа во инвестирање во истражување и развој, а пред се во младите и во нивното образование, каде, како што рече, не смее да се толерира просечноста.

„Нивото на нашето образование, и на државното и на приватното уште повеќе, не е на европско ниво. Факт е дека таму се потребни длабоки, суштински реформи, за да не произведуваме само луѓе со дипломи, туку луѓе со знаења. Ние во моментов генерално произведуваме многу повеќе луѓе кои имаат парче хартија дека нешто дипломирале или завршиле, меѓутоа тие се беспомошни после излегувањето од факултет на пазарот на трудот“, рече Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Извештајот на УНДП покажува дека во Македонија се топи средната класа. Нееднаквоста на граѓаните пред законите пред се поради високата корупција, во пакет со  економската нееднаквост, за претседателот на државата, се меѓу елементите кои водат кон нерамномерниот човеков развој во земјава. Дополнително постои нерамномерност и во пристапот до квалитетна здравствена заштита, работни места, квалитетно образование.

„Постојат неколку области во кои сме понапред од другите во регионот, па дури сме на високо ниво во однос на останатите европски држави, но постојат многу повеќе категории каде што сме на самото дно воЕевропа. Станува збор за извештај кој што е многу отрезнувачки за сите кои во моментов се наоѓаат на различни одговорни позиции кој мора да биде земен со максимална сериозност“, вели Пендаровски.

Индексот на човековиот развој покажува дека Македонија иако има многу висок развој, споредено со земјите во регионот во изминатите 15 години, таа годинава сепак е рангирана дури 13 места зад Албанија, 19 зад Србија, а 30 зад Црна Гора. 

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ