Македонија има уште многу работа во спроведувањето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

По 8 години од ратификувањето во Македонија на конвенцијта за заштита на правата на лицата со пореченост на Обеднитите нации сеуште недостига уште многу работа во нејзиното спроведување на терен, констатира министерката за труд и социјала Мила Царовска. Токму поради ова во Скопје се одржува четири дневна обука на инволвираните во нејзионото спроведување.

За овие 8 години не е направено доволно за лицата со попреченост да ги уживаат сите права кои произлегуваат од Конвенцијата која има за цел да промовира, штити и обезбедува целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи на лицата со пореченост и да промовира почит кон нивното достоинство. А во Македонија сеуште не се знае колкав е бројот на лицата со попреченост.

И Бенџамин Перкс, в.д. постојан координатор на на Обединетите нации и претставник на Уницеф во Македонија смета дека држаавата иако во последниве години е посветена на подобрување на животот на лицата со попреченост, сепак има уште многу дас се сработи.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН е усвоена во 2006та година од страна на Генералното собрание на ОН, Македонија ја потпиша во 2007ма, а ја ратификува Собранието во 2011 година.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ