Македонија има трипати повеќе активни болни од Кина, состојбата се стабилизира откако многу новозаразени заболеле на погреб во Тетово и семеен настан во Скопје

Нови 10 заболени пациенти се регистрирани во изминатото деноноќие, а 6 од нив се од Скопје, двајца од Куманово, и по еден од Велес и Прилеп. За 24 часа се извршени 189 тестови, а околу 6 проценти од таа бројка се новозаразените. Починат е 60-годишен пациент од Делчево, тој е деведесет и втора жртва на вирусот.

Во 10 општини нема заболени (Дебар, Охрид, Гевегелија , Струмица, Радовиш, Крушево, пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Виница). Меѓу нив е и Дебар, кој цел месец беше под карантин.

Во моментот има 377 активни случаи на заболени што е например за трипати повеќе од Кина каде останале само уште 115 активни пациенти заболени од Ковид 19.

72% од вкупниот број на заразени се опоравени покажува статистиката на надлежните. Од досега 242 заразени здравствени работници, 217 веќе се излекувани и најголем дел од нив се вратиле на работа во медициснките установи каде работат.

Министерот Филипче изјави дека според анализите на комисијата за заразни болести во тек е стабилизирање на состојбата.

На денешната прес конференција соопшти дека огромен број од новодијагностицираните случаи во изиминатите неколку дена се поврзани со два кластери, развиени од еден погреб во Тетово и еден семеен настан во Скопје. Тоа покажува дека е контролирана трансмисијата и епидемијата, тврди Филипче.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ