
Македонија и светот денеска во едночасовен еколошки мрак
Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја, заеднички да ги промениме климатските промени, но и да ги освестиме луѓето за проблемот поврзан со намалување на биодиверзитетот!
Во моменти кога целиот свет се обединува во борба против уништувањето, без разлика дали се тоа смртоносни вируси, или пак климатските промени, Часот на планетата Земја ги повикува своите поддржувачи виртуелно да се приклучат кон акцијата оваа година и да ги исклучат светилките во своите домови.
„Сочувствуваме со фамилиите на оние кои ги загубија животите од вирусот Ковид-19 и мислите ни се со илјадниците болни ширум светот. Во овој момент на криза, мора да се обединиме повеќе од било кога за да ја загарантираме нашата иднина и иднината на нашата планета. Сега е време на солидарност и време да одговориме на предизвиците покреативно. Ве повикуваме на обединување во едночасовниот мрак за да испратиме порака за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации!“ – вели Марко Ломбертини, извршен директор на Светскиот фонд за природа.
Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи во 20:30 часот по локално време кога во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.
Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.