Македонија и САД ќе ја интензивираат соработката на специјалните сили

Како што соопштија од Министерството за одбрана, соговорниците на средбата заклучиле дека Македонија и САД имаат сеопфатна и континуирана соработка во областа на одбраната, и дека заедничка заложба е таа соработка да биде уште поинтензивна, особено во делот на специјалните сили на двете армии.

Шеќеринска посочи дека во Македонија по подобрувањето на политичката состојба, фокусот е ставен на стратешките цели: членство во НАТО и ЕУ. Таа додаде дека Македонија останува посветена на учеството во меѓународните мировни мисии и на заедничките активности со партнерите од НАТО, со што се зголемуваат и способностите и капацитетите на АРМ.

„Нашата посветеност во учеството во мисиите на НАТО не е само декларативна, а тоа се гледа и преку зголемувањето на контингентот од АРМ во мисијата ‘Одлучна поддршка’ за 20 проценти“, рече министерката на средбата.

Генералот Шварц ја истакна одличната соработка со АРМ на полето на специјалните сили и посочи дека САД и во иднина ќе ја поддржуваат АРМ во развојот на нејзините капацитети преку различни и релевантни обуки и тренинзи. Генералот додаде дека САД високо го вреднуваат учеството на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и ја поздрави одлуката за зголемување на припадниците на АРМ во оваа мисија во 2018 година.

Во контекст на идните заеднички обуки и вежби, министерката Шеќеринска  изрази подготвеност армискиот полигон „Криволак“ и во иднина да се користи за изведување заеднички вежби.

Генералот Шварц се сретна и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски на која се разговараше за долгогодишната соработка во обуката, заедничкото учество во меѓународни вежби и можноста за користење на капацитетите на АП„Криволак“ за заеднички активности.

Во рамки на посетата на Република Македонија, генералот Шварц ја посети и Командата на Полкот за специјални операции на АРМ. Полкот за специјални операции во АРМ и Командата за специјални операции на САД во Европа соработуваат од 1996 година кога беше реализирана и првата од програмите за заеднички обуки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ