Македонија и НАТО организираат вежба за справување со последици од катастрофи

Над две илјади лица од повеќе од десет држави членки на НАТО во септември, во Охрид и Струга, ќе учествуваат во една од најголемите цивилни вежби кои ги организира Алијансата а во која сценариото е одговор и справување при катастрофи. Владата и НАТО денеска потпишаа меморандум за соработка со што македонија и официјално го доби организирањето си проведувањето на оваа 19 по ред вежба.

Меморандумот го потпишаа Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и заменик помошник генерален секретар за операции на НАТО, Џонатан Периш.

Периш истакна дека меморандумот се потпишува со земја аспирант за членство во Унијата а вежбата ќе ја организира како земја членка на Унијата.

Тој додаде дека оваа вежба е важен настан за македонија бидејќи ја покажува решеноста за членство во Унијата и ќе одигра важна улога во подобрување на безбедноста на граѓаниоте во државата и во регионот.

Директорот на ЦУК, Агрон Буџаку,  истакна дека со оваа вежба ќе се тестира имплементацијата на НИКС системот на НАТО со кој се подобрува брзината, координацијата и ефикасноста на одговор во случај на катастрофи без разлика дали се предизвикани од човек или природни.

На денешното потпишување на меморандумот беа доделени сертификати на полицијата, армијата и скопските пожарникари за опрема која ќе биде користена токму во оваа вежба.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ