Македонија и Грција заедно ја реформират судската медицина

Поминаа два месеци откако македонски планинар загина искачувајќи го највисокиот врв на грчката планина Олимп. Неговите пријатели тогаш дадоа свои сведоштва дека нему му се слошило пред да падне во провалија. Надлежните почекаа на обдукцискиот наод да потврди дали причината за тоа е срцев удар. Овој случај не е ниту прв и ниту последен кога се чека на докторите прецизно да ја кажат причината за смртта. Сега македонски и грчки специјалисти по судска медицина и криминалистика се реформираат за да понудат поверодостојни докази на обвинителите по чија наредба се прави аутопсија.

Македонскиот и грчкиот Институт за судска медицина изминативе дванаесет месеци работеа на проект и се обучуваа како да работат во своите лаборатории по европски терк и стандарди.

Во овој момент борбата е да се стигне до поефикасни докази со тоа што ќе се работи според високи стандарди, тврди раководителот на Судска медицина одговарајќи на новинарско прашање дали реформите ќе значат поголема компетенција наспроти големиот број приватни вештачења кои им се достапни на луѓето.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ