
Македонија и Грција во Мала Преспа го потпишаа договорот за името
Симболично на грчкиот брег на Преспанското Езеро беа ставени потписите на Договорот со кој треба да се стави крај на речиси тридеценискиот спор меѓу Македонија и Грција и да отвори нова страница во односите меѓу двете земји. Македонската делегација пристигна по најкусиот пат, преку Езерото пречекана од од своите грчки домаќини
Макеоднскиот премиер им заблагодари на Циопрас и Коѕијас затоа што застанале на вистинската страна на историјата иако не било лесно. И двајцата премиери испратија пораки до оние кои се противат на Договорот, а Ципрас ги нараче и манипулатори со патриотизам.
Она што треба да се промени со овој Договор со кој се менува уставното име во Република Северна Македонија, според потписниците е да стане дел од чувствата на двата народа, грчкиот и македонскиот. Задоволни од она што е постигнато премиерите и шефовите на дипломатиите заедно со високите гостите се фотографираа, иако знаат дека претстои долг пат Договорот да стапи на сила. Премиерот Заев овој пат му ја подари својата вратоврска на Ципрас со надеж дека наскоро ќе го оствари ветувањето дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе излезе од кризата. Заради протестите во близина на потпишувањето Договорот не успеаја на време да стигнат 30-тина македонски пратеници, но тие подоцна се придружија на свеченоста.
Сања Васиќ