
Македонија и Грција денеска го потпишаа договорот за заштита на македонското небо
Македонија и Грција денеска го потпишаа договорот за заштита на македонското небо од грчката авијација, кога ќе станеме полноправна членка на НАТО. Ова на својот твитер профил предмалку го објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ние сме веќе НАТО, напиша Шекеринска, притоа информирајќи дека „денеска во Атина со Министерството за национална одбрана на Грција го потпишавме Техничкиот аранжман за надзор на нашиот воздушен простор. Заштитата на небото е ексклузивно право само на земјите членки на НАТО. Одбројуваме до полноправно членство!“, напиша таа на твитер.