
Македонија и доставила на Грција своја нацрт-спогодба за решавање на спорот
Македонија денеска на Грција и ја доставила својата нацрт-спогодба за надминување на спорот околу името откако грчкиот шеф на дипломатијата синоќа соопшти дека грчката на Скопје и е доставена пред неколку дена. Микнистерот за надворшни работи Никола Димитров не кажа што содржи македонскиот документ доставен до Атина, а не откри ни што содржи грчкиот предлог. Единствениот кокментар на Димитров за содржината на двете спогодби е дека има разлики меѓу нив.
Днеска првпат по најавата уште во јануари дека Грција подготвува нацрт-спогодба беше откриено дека и македонската страна подготвила своја нацрт-спогодба. Како што изјави Димиторв, нема рок за одговор меѓу двете страни по нацрт-спогодбите, кои рече дека сигурно ќе се дебатира на средбата со Коѕијас в петок, а и потоа на новата рунда разговори под покровителство на Нимиц закажана за 30 март во Виена.