
Македонија Ѓорче Петров го елиминира Вардар од осминафиналето
Македонија Ѓорче Петров приреди изненадување откако го елинимира Вардар од осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија. На останатите средби фаворитите ја потврдија предноста од првите мечеви и очекувано се пласираа во четвртфиналето.
Резултати осминафинале – Куп на Македонија (во заграда резултати од првите средби)
Македонија ЃП – Вардар 2 – 1 (0-0)
Кит Го – Шкендија 0 – 5 (0-2)
Беласица – Пелистер 3 – 1 (2-0)
Работнички – Тиквеш 1 – 1 (1-0)
Силекс – Скопје 2 – 1 (2-0)
Победа – Гостивар 4 – 1 (2-1)
Академија Пандев – Брегалница 0 – 1 (6-2)
Кораб беше слободен