
Македонија го потврдува членството во НАТО и со нови договори со земјите-членки
Македонија очекува во следнио период очекува да бидат завршени разговорите со САД, за склучување нов меморандума за разбирање, како дел од подготовките за нејзино полноправно членство во НАТО.
По вчерашното потпишување на нов договор со Велика Британија за соработка во одбраната како рамноправни змеји-членки на НАТО, министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од состанокот на министри за одбрана на НАТО во Брисел најави поблиска соработка во одбраната освен со Британија и со, Турција, но и Франција.
“На трите средби се слушна истата порака, а тоа е дека се среќни и задоволнин што стануваме членка и дека се подготвени веќе да ги променат нашите односи, од поддршка на една земја-партнер, во поддршка на земја-сојузник. Очекувам зајакнување на билатералната соработката со сите земји-членки,но особено со овие неколку со кои што имаме добра соработк, и овие со кои сакаме да го надометиме она што сме го виделе дека е наш минус”, изјави Шекеринска.
Шекеринска денеска информираше змејите-членки на НАТО вчера изразиле подготвеноста да ја преземат мисијата во Ирак за тренинг и јакнење на ирачките оружeни сили, за што вчера стигнала и официјална покана до НАТО од ирачката влада. Шекеринска соопшти дека Македонија е подготвена да испрати свој кадар и офицери во новата НАТО мисија, чии детали очекува да бидат дефинирани на некој следен состанок на Алијансата.
„Мислам дека е ова се уште во почетна фаза. Сетоа тоа се разбира дека ќе треба прво да се финализира во НАТО, ќе треба да се организира конференција на која што ќе се генерираат силите, а ние, се разбира,како членка која што има искуство и е во Авганистан, но и во Ирак, ќе имаме што да понудиме”, изјави Шекеринска.
Според Шекеринска работите забрзуваат до полноправно членство на земјава во Алијансата, како со ратификацијата на Протоколот од страна на Шпанија така и со преселбата на македонската мисија во новата зграда на седиштетот на НАТО.
Од Брисел јавува, Тамара Грнчароска