Македонија е во портокалова фаза

Македонија е во портокалова фаза. Минусните температури проследени со обилни врнежи од снег во изминатите денови ги алармираа службите засегнати од временските состојби.

Од пунктот за бездомници на Црвен Крст во Момин поток велат дневно во просек се згрижуваат околу 20 бездомни лица со целосна нега.

Еден од згрижените бездомници вели дење се работи, а навечер се преспива каде било зависно од времето.

Од месец декември досега се регистрирани осумстотини згрижувања на премрзнати бездомни лица од градските улици.

Од службата за итна медицинска помош велат дека и покрај мразот и минусните температури, бројот на повици  и интервенции не е драстично зголемен во изминатите денови и дека е во границата од околу сто јавувања од страна на граѓаните дневно.

Препорачуваат луѓето да се придржуваат до советите на матичните лекари и да не излегуваат без причина во раните утрински часови.

Управата за хидрометеоролошки работи вели дека утринава беа регистрирани најстудените температури од бранот кој ја зафати земјата. Пораст на температурите помеѓу три и девет степени во текот на денот се очекува веќе од утре.

За викендот се очекува зголемување на температурите и нагло топење на снежните покривки и замрзнати површини.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ