Македонија е подготвена за членство во НАТО

Македонија е подготвена за членство во НАТО. Членувањето во Алијансата ќе овозможи економски раст на државата. Ќе се намали невработеноста,ќе се подобрат принципите на владеење на правото. Поефикасно ќе се справиме со тероризмот.

Според министерката за одбрана радмила Шекеринска Нато не значи само воен сојуз. Членството во него ќе овозможи поголема политичка стабилност, демократија и почитување на човековите права.

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вели дека неопходно е во наредниот период да се интензивира нивото на информираност и вклучување на јавноста во овој процес.

Аналитичарот Сашо Ордановски предложи Македонија и Грција да отворат заедничка канцеларија во Солун која ќе биде основа за влез во Алијансата.

Амбасадорката на Хрватаска Даниела Баришиќ ги споредли искуствата на својата држава и нејзиниот пат до НАТО. На дебатата за предизвиците и можностите од членството на Македонија во НАТО Баришиќ изрази надеж дека нашата држава ќе биде тресетата земја ќленка на Алијансата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ