
Македонија дел од студијата на СЗО за ефикасноста на третманите за Ковид-19
Македонија денеска се вклучи во Студијата на Светската здравствена организација Солидарност, која е формирана за да даде јасни податоци кои ќе покажат кои третмани се најефикасни.
Неколку држави од сите делови на светот веќе го потврдија учеството како Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд. Испитувањето користи адаптивен план со пет почетни средства:
- Вообичаен третман за пациентите во државата
- Ремдесивир
- Лопинавир или Ритонавир
- Лопинавир или Ритонавир со Интерферон бета
- Заедно со хлорокин