
„Македонија блокира“ го исвирка Мицкоски
Свирежи и пцости откако триесетина повици да се качи на импровизираната бина останаа без одговор. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ избра да остане во првиот ред пред оградата кај Собранието и не им се обрати на присутните од „Македонија Блокира“.
Еуфоријата траеше десетина минути. Атмосфера 5 сек
Од појавувањето на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ на протестите до последниот повик за обраќање.
Протестот на „Македонија Блокира“’ почна во 12 часот како што беше најавено. Стартот на собраниската седница се презакажа но не и протестот.
На бинаа се мнуваа говорници, се обратија и лидерите на движењето а парактите беа речиси исти. Да се прекине процесот на уставни измени и да се запре промената на името. Повторно побараа поддршка од претседателот Иванов.
Дел од присутните имаа и забелешки околу барањата на БЕСА и Алијанса и отстапките на премиерот Заев во тој поглед
Демонстрантите најавија дека ќе останат пред Собранието се додека не заврши денешната седница.
Огнен Чанчаревиќ