Македонија бележи намалување на вкупниот број пациенти болни од туберкулоза

Се бележи намалување на вкупниот број пациенти болни од туберкулоза во последните десет години. Статистичките податоци покажуваат дека Македонија спаѓа во земјите со ниска стапка на заболени, со регистрирани 220 случаи во 2017 година. Ниска е и стапката на смртност од оваа болест.

Туберкулозата е закана најмногу за младата популација односно работоспособното население. Процесот на лекување трае најмалку половина година, што е голем економски товар како за семејствата, така и за државата.

Симптомите како што се се пролонгирана кашлица, покачена температура, слабост и намален апетит се показател и за други болести што може да влијае на навремено откривање на точната дијагноза.

Како најризични групи се сметаат затворениците и пациентите во психијатриските установи, поради лесното ширење на инфекцијата во затворен простор.

Македонија развива стратегија со која ќе се одржува ниската стапка на нови заболувања во иднина.

Утре се одбележува 24 март, Светскиот ден на туберкулозата.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ