
Македонија бара помош од ЦЕФТА за косовските мерки
Македонската влада бара помош од ЦЕФТА и ЕУ за повлекување на мерката со која Косово ги зголеми царините за увезеното овошје и зеленчук. Ако Косово опстои во намерата и не ја повлече одлуката, се најавуваат контра мерки но не се прецизира кога тоа ќе се случи, ниту на што ќе се однесуваат тие. Допрва ќе следат и средби меѓу министерства за економија и за земјоделство од двете земји а на денешната средба во Приштина со министерот Пацоли, министерот за надворешни работи Димитров рече дека решение мора да се најде со разговор а не да се тера инает.
Додека владите на двете змеји се договараат, зем,јоделците и трговците ги бројат штетите.Денеска косовската граница ја минале едвај 3 камиони наспроти вообичаените 15.Во неможност овошјето и зеленчукот да се пласира на Косовскиот пазар поради мерката која значи 30 % повисока царина, храната завршува на кванташкиот пазар а од таму на ѓубриште.
Здруженијата на извозници се жалат дека ригорозната мерка што од вчера ја воведе Косово ја турка цената на производите надолу.Очекуваат нејзино брзо повлекување за да не се изгуби најголемиот пазар за пласман на македонски производи.
Косово ја донесе времената мерка пред два дена и спортивно на сите меѓународни договори за својата намера не ги извести членките на ЦЕФТА.Повисоки царини ќе плаќаат сите змеји кои извезуваат во Косово и тоа за домати, пиперки, сливи, комписи, лубеница, пченка и други.
Виолета З. Стојановска