
Македонија бара близу 600 милиони евра за излез од кризата
Македонија се задолжува за да обезбеди пари за излез од кризата пораду корона вирусот.
Ќе се бараат 400 милиони евра од комерцијалните банки, околу 100 милиони евра од Светска банка и уште 87 милиони евра од ММФ. Предлогот на финансии е веќе испратен во владата откако потпис ставила и дополнителната заменичка министерка Гордана Кочовска.
Ние нема да кочиме и да праќаме дописи до меѓународните институции како што тоа го правеше СДСМ, вели дополнителната министерка за финансии Кочовска.
Веќе во понеделник дописите треба да бидат испратени до меѓународните финансиски институции и комерцијалните банки откако истите ќе поминат на Влада.