Македонија 25 години го оди патот до НАТО

На 23 декември 1993 година македонското Собрание донело одлука за стапување на земјата во членство во НАТО. Со оваа одлука на Собранието започна 25 годишниот пат на Македонија кон НАТО, во кои од земја членка на Партнерството за мир во 1995, преку отворање на македонска канцеларија за врски во седиштето на НАТО во 1996 и во 1999 година на Самитот на Алијансата во Вашингтон Македонија заедно со уште девет земји беше вклучена во Акциониот план за членство. Но неофицијалниот пат на Македонија кон НАТО започнува две години порано со формирање на клубот за НАТО, чиј основач е универзитетскиот професор Нано Ружин, подоцна амбасадор на Македонија во Алијансата. За Ружин истојата на македонскиот пат кон НАТО е долг и тежок, исполнет и со  надежи и разочарувања, но и пртивречен и исполнет со многу емоции.

„Мојата генерација на луѓе првпат имавме контакт со едне генерален секретар на НАТО и од тогаш мала група на луѓе сметавме дека Макеоднија може да стане членка на Алијансата. Имаше барање за еквидистанца и многу други формули во тој период“, вели тој.

Од Самитот во Вашингтон кога Македонија го добива кандидатскиот статус, чекајќи ја поканата за полноправно членство, земјава има изготвено 18 Акциски планови за членство во НАТО.

Во целиот тој период од 18 години, во 2008 година, пред Самитот на НАТО во Букурешт Алијансата потврди дека Македонија ги исполнила сите политички услови и воени услови за да стане нејзина полноправна членка. Но поканата изостана. Долгиот ден во Букуреш на 3 април 2008 година покажа дека ветото од Грција поради спорот за името е посилно од намерата искажана ден претходно од тогашниот американски претседател Џорџ Буш, дека три држави – Хрватска, Албанија и Македонија, ќе бидат поканети. Условот влезе и во заклучоците на НАТО во 2008 кој се повторуваше и во идните десет години без да се смени ниту еден збор: „ПЈРМ ќе добие покана за полноправно членство за НАТО штом го реши спорот за името. Вратат на НАТО останува отворена“.

„Точно е дека 2008 воведе еден вид натоскептицизам кај нашата политичка елита, туку и ги намали инвестициите во армијата, а покажавме и доста слабосит на внатрешен план“.

Сепак десет години по 2008 година, вели Ружин, се исправа една историска неправда кон Македонија.

Дека Македонија во целиот тој период ја нема намалено својата соработката со НАТО покажуваа низата од мисии на НАТО во кои учествуваат македонските војници, почнувајќи до Мисијата во Авганистан во 2002 година. Придонесот на македонските војници за НАТО е потврден со највисоки признанија и одлукувања на Алијансата, за кои Ружин вели дека треба да сме горди како држава.

За Ружин членството на Македонија во НАТО значи стабилност и сигурност за земјата, но и олеснување на македонските амбиции за ЕУ. Според него членството во НАТО ќе биде добро за сите, бидејќи со членството Макеоднија ќе стане дел механизамот на најсилната Алијанса во Светот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ