МАКАМТРАНС: Урбаната мафија со незаконски продажби го оштети буџетот до 30 милиони евра

Огромен грабеж на буџетски пари, од десет до триесет милиони евра е извршен преку незаконска продажба на парцели од плацот кој е во сопственост на МАКАМТРАНС, обвинуваат камионџиите.  Од независниот синдикат на камионските транспортери велат дека со тоа директно се оштетени даночните обврзници во државата.

Страшо Јованов, претседател на МАКАМТРАНС, вели дека грабежот е изведен од урбано-политичката мафија предводена од структурите на претходната власт.

Јованов ги повикува премиерот Заев, Јавното обвинителство како и СЈО, да преземат соодветни активности во рамките на своите овластувања за да се расчисти со урбаната мафија.

Предупредувачкиот протест на камионџиите пред општината Гази Баба траеше од средата, а со цел за како што велат тие – да им посочат на граѓаните и на Владата за огромна кражба на буџетски пари во изминатите години.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ