Мајките и ќерките во „Proud“

Тамара Тодевска се пласираше во финалето на Евросонг и во Сабота ќе настапи како осма .

,,Ви посакувам сите да се чувствувате гордо и да не ја криете својата големина. Јас сум многу горда што по седум години мојата земја ја вратив во големото евровизиско финале. Најгорда сум на мојот тим, но и на сите Македонци, на сите што ме поддржаа и што ме бодреа сите овие месеци. Преку песната „Proud“ испративме силна порака и среќна сум што допре до многумина – рече Тамара на прес конференцијата по настапот во полуфиналето .

Тамара по поканата да настапи на Евросонг годинава за оваа песна  на својот Фб статус напиша ,,На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А! “

За време на нејзиниот настап на сцената зад неа одеа фотографии на мајки со своите ќерки . Меѓу нив е и новинарката на Телма Весна Јовановска Дојчиновска  со својата четиригодишна ќерка Ирис, како и новинарката Мимоза Петревска, со својата 15-годишна ќерка Илина.

,, Горда на успехот на Тамара и нејзиниот тим , горда што насмевката на Ирис за миг зрачеше на евровизиската сцена, Благодарам Коста давид Петров за поканата со нашата фотографија да бидеме дел од една моќна порака. Се гледаме повторно во сабота, на евровизиското финале. –напиша Весна на својот Фб профил.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ