Мајката на Пино Секондо дава исказ во обвинителство

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска денеска експресно е повикана да даде исказ во скопското обвинителство. Ова доаѓа откако пред само неколку денови обвинителството отвори истрага за двајца осомнилчени за убиство, од кои една е девојката на Пино, а другиот осомничен Али Ф. е во бегство. Осомничената девојка веќе е во 30 дневен привор.

По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен. Обвинителството тврди дека има докази дека девојката го намамила, додека Али Ф. го извршил убиството и заедно го сокриле телото во дупка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ