Мајк Пенс му го честита на Заев договорот со Грција

Американскиот потпретседател Mајк Пенс во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев му го честита историскиот договор со Грција за името, соопшти синоќа Белата куќа..

Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот кон преговори за пристапување во Унијата во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Како што соопштуваат и од премиерскиот кабинет Пенс истакнал дека договорот покажува јасен сигнал дека Република Македонија се доближува кон развиениот западен свет, што ќе биде јасно верификувано на Самитот на НАТО во Брисел наредната недела.

Поканата за влез во НАТО, како што рече Пенс е јасен сигнал дека позитивниот резултат од референдумот ќе значи конечно полноправно членство на Македонија во северно-атлантската алијанса.

Пенс исто така изјави дека САД изразуваат интерес да бидат вклучени и да ги поддржат прогресивните процеси кои следуваат во наредниот период во Македонија, посебно за спроведување на реформите, како и за целосна имплементација на договорот со Грција, соопштуваат од премиерскиот кабинет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ