
М проспект награден за најдобра употреба на технологија во World Poll 2018
М проспект, агенција за истражување, која соработува со Телма и МЦМС на анкетите за Топ Тема, доби значајно признание од Галуп за Најдобра употреба на технологија во World Poll 2018. Наградата е доделена денес, 19.02.2019, на годишен настан кој се одржува во Атина.
Галуп (Gallup) е глобална компанија за аналитика и советување, основана во 1935 година.
Галуп Светска Анкета 2018 (Gallup World Poll) е проект кој се спроведува во преку 140 земји, а кај нас го спроведува М проспект.