Љулиета Адеми по освојувањето на Триглав денеска се искачи на Титов Врв

Во едната помагало, а во другата рака стап за планинарење, и така чекор по чекор, Љулиета Адеми по вакуфската патека со група планинари, утринава тргна да го освои највисокиот врв на Шар Планина Титов Врв, на надморска височина од 2747 метри.

Искачувањето на Титов Врв припаѓа во тешка планинарска тура. За да стигнете до него и да се вратите до Попова Шапка од каде тргна Љулиета, треба да поминете 24 килоемтри.

Вели попреченоста преставува само поим, во зависнот од тоа како лицето ја разбира, и каква перцепција имаат другите кон оваа категорија граѓани.

Во мојот случај физичката попреченост ми создава проблеми во урбаните средини, каде има еден куп бариери и не може да се помине, но затоа е тука планината каде слободно се движам,

Првиот планинарски подвиг и бил Јабланица, а неодамна се искачи на Триглав каде запиша историја како прва жена со попреченост која се искачила на највисокиот врв во Словенија.

Планината е лек за сите, но за да се освои најпотребна е волја, рече Љулиета, која денеска по втор пат се искачи на највисоката точка на Шар Планина Титов Врв.  

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ