
Лукаревска за Телма: Дознав за болеста на Зекири после настанот во Куманово-предлага тестирања и за вработени во УЈП
Директорката на УЈП Сања Лукаревска за Телма открива дека иако е позитивна на Ковид 19 се чувствува добро. Препорачала тестирање на сите вработени во УЈП кои имале средба со неа од средата.
Епидемиолозите и се јавиле после завршувањето на средбите во Куманово. Тврди дека доследно ги почитувала мерките и не може да прецизира како заболела.
За тоа како се чувствува и какви симптоми има, повеќе во видеото од телефонскиот разговор на Миомир Серафиновиќ со Лукаревска.