Луѓето исплашени од оние кои не ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19, зголемени повиците на психијатрија

Се зголемува бројот на повици на Универзитетската клиниката за психијатрија. Граѓаните на кои им е потребна психолошка поддршка со свои стравувања за можното пролонгирање на пандемијата и свеста за колективното здравје.

  • На линиите за психолошка поддршка дневно се јавуваат во просек 20 – 30 луѓе и тој број беше малку намален кога имаше пад на број на заболени, додека сега гледаме дека пак се зголемува бројот на јавувања што би го поврзал со одржување на платото на бројот на заболениМорам да кажам дека лицата кои се јавуваат имаат определини знаења и увид во тоа што значи ментална состојба и ја увидела потребата за работа на себе и сега таа категорија на луѓе се јавува во врска со непочитување на мерките, вели доц. д-р Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската клиника за психијатрија 

Доколку се има предвид состојбата со пандемијата со Ковид 19 која го парализираше целиот свет што е она кое најмногу Ве загрижува во дадениот момент и што е она што можеби ви дава надеж ?

  • Секаде се зборува дека после една пандемија ваква како што имаме сега следи една пандемија на менталното здравје. Во последните години посебно меѓу помладите генерации се следи еден тренд на зголемена свесност, знаења и увид што е тоа ментално здравје, потребата за подобрување на менталното здравје и тоа се гледа во отвореноста кога се збори за тоа, вели доктор Бајрактаров. 

Свеста за индивидуалното и колективното здравје е клучна доколку сакаме да говориме за справување со пандемијата на најдобар можен начин. Ваквата состојба разоткри многу прашања за важноста на менталното здравје за кое малкумина се свесни во едно брзо темпо на живеење, смета Бајрактаров.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ