
Лозарите на протест побараа исплата на грозјето
Исплата на грозјето предадено во 2015 и 2016 година во „Стефани винарија“ и „Повардарие“, како и загарантирана откупна цена од 17,5 денари за килограм смедеревка и 18,5 денари за вранецот побараа денеска на мирниот протест лозарите од Тиквешијата. На власта и порачаа дека ќе имаат уште малку трпение, а доколку не им се исполнат барањата од 10 февруари ќе организираат блокади на патиштата.
Здружението „Напредни лозари“ доставија предлог за формирање на фонд за исплата на грозјето. 30 милиони евра се потребни за да се покрие лозарското производство.
Законот за вино кој се подготвува да биде праведен и да се впише во него она што го вели науката, дека смедеревката има технолошка зрелост 16, а не како што прават винарите, со многу повисока шеќерност и на тој начин да им се купи за ниска цена. Лозарите на протестот добија поддршка од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и од пратеникот Панчо Минов,а на протестот можеа да се видат и транспаренти со пораки до власта, меѓу кои и за предвремени парламентарни избори.
Викторија Јованова