Ловџиите не се согласуваат со одлуката за прогласување на Шар Планина за национален парк

Наспроти екологистите и невладините организации кои изразија поддршка на усвоената иницијатива за прогласување на Шар Планина за национален парк, се огласија ловците, кои не се согласуваат со оваа одлука, со образложение дека со тоа ловството би имало трајни последици. Во Полошкото ловностопанско подрачје има 5 ловишта за крупен дивеч во ловниот реон Тетово и две во ловниот реон Гостивар.

Од ловечкото друштво Љуботен од Вратница, која стопанисува со државно ловиште од 2012 година, велат дека тие вложиле во него, а сега постои опција тоа да им биде одземено,

Ловечките друштва велат дека не било земено предвид нивното мислење при донесувањето на одлуката, па оттаму бараат Владата да им објасни како ќе функционраат и како ќе се заштити дивечот.

Од Платформата Пријателите на Шара велат дека токму неинформираноста на населението го одложи процесот на прогласување на Шара, што доведе до нерационално користење на нејзините природни ресурси.

Согласно законската процедура во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози.

Даниела Билбиловска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ