
Ловџиите да внимаваат кога се гоштеваат со дивечот, има трихинелоза кај дивите свињи
Ловџиите и љубителите на дивеч да внимаваат кога се гоштеваат со специјаллитетите од месо. Агенцијата за храна и ветеринарство утврдила дека постои болеста трихинелоза кај дивите свињи на територија на речиси цела држава, Радовиш, Кривопаланечко, Валандово, Битола и Струмичко. Лабораториски се испитани 594 примероци, од кои 13 се позитивни, а според сознанијата, ја има и во регионот. Трихинелозата е паразитарно заразно заболување кое може да се пренесе од животните на луѓето, па дури во некои случаи да завршат и фатално, ако конзумираат сурово или недоволно термички обработено месо или производи од заразен дивеч. При подготовка месото треба термички да се третира, директорот на АХВ, Атанасов, го посочи и најголемиот ризик.
„Има полуподготвени производи, најчесто со слаба термичка обработка, најчесто пушено место, на скара, колбасици, често се јаде и живо, специјалитети, тартар бифтек, затоа се кажува дека мора да биде термички обработено“, вели Зоран Атанасов, директор на Агенција за храна.
До ловџиите се апелира од месото од отстреланите свињи задолжително да достават примероци до овластени лаборатории на испитување, бидејќи постоењето на болеста тешко се препознава со голо око, а тоа ќе ги чини околу 500 денари. Можат да се заразат и домашните свињи, и тоа ако се во контакт со глодари или заразен дивеч, затоа треба да се внимава на нив и на нивната исхрана.
„Апелираме одгледувачите на свињи за домашна употреба грлата да ги колат во одобрени кланици каде ќе се изврши преглед на месото. Ако колењето не се врши во одобрен објект се препорачува од трупот да се земат мостри и да се достават до најблиската овластена лабораторија“, вели Атанасов.
Граѓаните кои купуваат месо од продавниците воопшто да не бидат загрижени, тоа е безбедно бидејќи доажа само од одобрени објеклти кои се под контрола и каде што се напшравени потребните тестирања.
Во Македонија трихинелоза последен пат кај дивечот е утврдена во 2008 година. Досега ниту едно лице не ја добило таа болест во земјава.
Нина Нинеска-Фиданоска