
Лоша состојба во домовите за култура во источниот регион
Стари фасади, а внатре инвентарот со години не е сменет, поради што мириса на мувла и прашина, ваква е состојбата во речиси сите Центри и домови за култура во источниот регион.
Најжална е сликата во Виница, каде што овие три кофи полни со вода сведочат дека кровната конструкција пропаѓа. Културните работници во вакви услови тешко работа, а публиката не може да ужива во настаните што им се нудат.
Директорот на виничкиот Центар за култура вели дека тие како институција, која е под капата на министерството немаат средства за реконструкција на кровот, којшто прокиснува во оваа сала.
Средствата кои доаѓаат од ресорното министерство се мали и за проектите.
Најстариот фестивал за хумор и сатира Ин Виница веритас годинава добил само 60.000 денари.
Општина Виница веќе бара европски средства за санирање на Центарот за култура по примерот на Македонска Каменица. Овој дом за културата кој е под ингеренции на општината е пример како треба да се трошат европските пари.
По Скопје и Битола во оваа нова и современа сала може да се гледаат филмови на дигитален кино прожектор. Двајцата вработени ги вршат сите работи, од јавни набавки, толкување на закони, па и до го заметат, односно исчистат овој простор. Директорот на Домот за култура во Македонска Каменица вели дека нивниот единствен проблем е што не можат да добиваат средства од ресорното министерство.
Културни настани има во градовите во внатрешноста, преку размена или гостувања на театарски групи, изложби и промоции на книги.
Но, за поквалитетна понуда дел од директорите сметаат дека треба да се условата оние кои добиваат пари, да имаат обврска претставите, изложбите, промоциите на книги да ги презентраат во најмалку три помали општини во земјава.
Засега што се нуди на сцената се зависи од ангажманите на раководствата на институциите.
Викторија Јованова