Лоренцо најбрз во Муџело, Маркез без бодови

Шпанецот Хорхе Лоренцо беше доминантен за првиот триумф сезонава на шестата трка во најсилната Мото ГП класа од светскиот шампионат во мотоциклизам што се возеше за Големата награда на Италија.

Возачот на „Дукати“ за 45 победа во кариерата или шеста на патеката Муџело се избори откако по 23 кругови беше побрз за шест секунди и 370 илјадитинки од тимскиот колега Италијанецот Андреа Довициозо. На третото место од победничкиот подиум се искачи уште еден домашен натпреварувач, легендарниот Валентино Роси на „Јамаха“.

Потфрли актуелниот првак Шпанецот Марк Маркез на „Хонда“ кој заврши на 16 позиција откако падна во шестиот круг. Тој и натаму го задржа лидерското место во Генералниот пласман со 95 бодови. Роси е втор со 72 бода, Шпанецот Маверик Вињалес на „Јамаха“ има 67 на третата позиција.

Следната трка ќе се вози за две недели на 17 јуни во Барселона за Големата награда на Каталуња.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ