
Лопетеги нов тренер на Реал, кормилото го превзема по мундијалот во Русија
Актуелниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги ќе го пополни испразнетото тренерско место во Реал Мадрид по завршувањето на Светското фудбалско првенство кое ќе стартува за два дена во Русија.
Кралскиот клуб го потврди новиот стратег и официјално на својата веб страница, во краткото соопштение, ставајќи крај на шпекулациите кој ќе седне на испразнетата функција на тимот од „Сантијаго Бернабе“.
Пред 11 дена од кормилото на шпанскиот гигант се повлече Зинедин Зидан, кој ги освои трите последни европски титули во Лигата на шампиони.