
Локалната економија во Битола е погодена по затворената граници кон Грција
Во време кога се очекуваше да се отвори граничниот премин кон Грција кај Маркова Нога во Преспа, коронакризата ги затвори сите граници, па и онаа на Меџитлија, со што прекинаа трговските, социјалните и сите врски меѓу двата народа. Рампата е спуштена речиси три месеци, а претходно дневно овде минуваа стотици жители од двете држави. Грчките државјани доаѓаа во Битола да купат облека, прехрамбени продукти и друго поради неколкукратно пониските цени за многу услуги и производи. Нивното отсуство е голем удар за битолските трговци
-Грците го правеа прометот овде во Битола, нашите граѓани, немаат пари.
-Купуваа, често да, купуваа ситни работи. Сега прометот е опаднат, можеби 30 проценти. Тоа е феноментот на кореативна зависност, велат дуќанџиите.
И пазарџиите во Битола се жалат дека прометот им опаѓа.
-Пазареа, купува зеленчук, сега нема, велат тезгаџиите на битолскиот пазар.
Во старата чаршија се затвораат голем број дуќани
-Секојдневно се спуштаат ќепенците на се поголем број дуќан во старата битолска чаршија. Се помлаку купувачи и помалку трговци.
Без секојдневното присуство на грчките државјани , погодени се и угостителите, козметичките и фризерските салони, но, најмногу стоматолошките ординации, а повеќето стоматолози опстојуваат токму со клиентите од соседна Грција. Иако во помал број и битолчани беа чести гости и пазареа во маркетите во Лерин, одеа на шопинг во Солун, па пограничната комуникација меѓу двата народа се одвиваше интензивно, а предобивките беа взаемни. Сега сите нетрпеливо очекуваат подигање на граничните рампи.
Емилија Мисирлиевски