
Лојане-Миратовац ќе стане меѓународен граничен премин
Наместо локален премин, како што беше предвидено, Лојане – Миратовац ќе стане меѓународен граничен премин.
Разговорите околу деталите, динамиката и активностите за отворање на новиот граничен премин меѓу Македонија и Србија, ги почнаа вицепремиерот Бујар Османи и државниот секретар при српското МВР, Милосав Миличковиќ.
При крај е и обезбедувањето на првите два и пол милиони евра, донација од норвешката влада за реализација на овој проект.