
Логодопедијата е на маргините на општеството
Во битолскиот Завод за рехабилитација на говор, слух и глас кој го опслужува целиот Југозападен регион, има само 8, иако се потребни уште толку логопеди. Овие стручњаци имаат значајна улога во надминување на комуникативните нарушувања, посебно кај децата со аутизам.
Заводите за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола и Скопје се единствените во нашата држава на кои основнта дејност им е логопедијата. Покрај во овие заводи, логопеди имаме тек-тук во амбулантите низ градовите. Но, недостигот од логопеди во нашата држава е евидентен и знаеме дека еден од основните проблемите на децата со аутизам е комуникацијата, а логопедот е тој што ги решава комуникативните проблеми кај децата со аутизам, рече Дивна Живорадиќ Најдовска, директор на Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас во Битола.
Иако нема точна статистика, експертите посочуваат дека бројот на деца со аутизам кај нас е во пораст, како и во целиот свет, а раната детекција е ислучително важна.
Стручњаците алармираат дека бројот на деца со аутизам расте, а исто така на светско ниво статистиките покажуваат дека бројот на аутистични деца е се поголем, а резултатите се најдобри ако детето почне да се рехабилитра од најрана возраст, рече Силвана Филипова, директор на Заводот за рехабилитација на слух, гoвор и глас – Скопје.
На стручната конференција што се одржа во Битола, беа разменети искуства од Заводот во Скопје, каде за првпат годинава рехабилитациониот третман на деца со аутизам се спроведува по програма изготвена од стручни тимови на оваа установа и Универзитестаката клиника за психијатрија, што претставува мултидисциплинираен пристап на ова нарушување.
Емилија Мисирлиевска