
Лицата со попреченост соочени со сериозни институционални пречки
Излегуваш од дома и заминуваш на работа, на училиште, до трговски центар. Единствено, метежот во сообраќајот во Скопје може да те вознемири. Во истиот град, во македонската метропола, ако имаш оштетен вид, телесен инвалидитет, оштетен слух или друга попреченост имаш минимална достапна подвижност. Вакво е и секојдневието на младата пијанистка Ема Ананиевска.
За да има куче придружник мора да оди во Загреб и да помине низ многу процедури кои траат долго и се скапи.
ЈСП неодамна објави веста, дека на лицата со попреченост ќе им биде дозволено да се возат со куче придружник. Но, тоа што нема кучиња придружници не е единствен проблем.
Oд Коалицијата 5 до 12 и Менуваме велат дека се потребни законски измени како во соседните земји па секое лице со попречност да има куче придружник.
Бен, лабрадорот кој стана популарен по објава на Фејсбук. Пред пет години поминал низ специјална дресура за да помага на лица со попреченост . Цели 5 години тој е во домот на Александар Велески, 35 годишен Скопјанец кој боледува од церебрална парализа .
Инаку, институциите и организациите, немаат точни информации колкав е бројот на лицата што користат куче како личен помошник.
Теодора Цветковска