Лицата со попреченост се вклучуваат во општеството

Ѓорги Сурловски е лице со пречки во развојот, и има 35 години. За себе вели дека животот му бил здодевен додека не почнал да работи. Но, не и сега.

  • Интересно, убаво. Прво искуство ми е, не само на мене, туку и на други другари и колеги со посебни потреби, вели Сурловски.

Исто размислува и 21 годишниот Филип Ангеловски, кој поминува обука.

  • На работа ми е добро. Тоа значи дека има повеќе гости, работам, служам и се правам, вели Филип.

И Филип и Ѓорги потврдуваат дека за својата добро завршена работа, гостите им даваат бакшижи. А и сопственикот на ресторанот Амбрела, е задоволен од нив.

  • Тие се едни супер деца, што одлично си ја работат работата. Можам да кажам дека ги надминаа моите очекувања, во тој поглед, вели Марјан Петров-сопственик на ресторанот Амбрела

Ресторанот Амбрела е прв угостителски објект во Скопје каде работат или посетуваат обука, 10 лица со пречки во развојот. Тие измамуваа топли насмевки кај гостите, кои дојдоа на хуманитарното василичарско дружење , во организација на ДЗС и Филозофскиот факултет од Скопје.

  • 20% од прометот што ќе биде остварен денеска, заедно со донаторската кутија и сретствата што ќе бидат соберени, ќе се купат дидактички играчки, наменети, како што решивме за градинките во општина Гази Баба, изјави Ратко Дуев- декан на Филозофскиот факултет во Скопје

Дружењето е дел од кампањата за интеграција на лицата со попреченост во оштеството и таа ќе продолжи во текот на годината.

  • Веќе направивме работна група, каде што изготвуваме начин, систем, како да ги вклучиме децата со посебни потреби, односно луѓето со посебни потреби, да бидат дел од нашето општество. И да се чувствуваат еднакви со сите нас, вели Аднан Џаферовски- директор на ДЗС

Проектот за вработување на лица со попреченост во ресторанот Амбрела, е вид на социјално претприемништво , што е тренд во светот. Иако проектот е реализиран без подршка од државата, овдека купувачи на услугите се граѓаните , велат од МТСП. Од таму со одговор дека вработувањето на лица со попреченост , со финансиска подршка од држвта се спроведува преку заштитните друштва кои треба да имаат најмалку 10 вработени, од кои 40 % се лица со пречки во развојот. За вработените во друштвата, се рефундираат придонесите и имаат право на набавка на опрема, во висина од 200 просечни плати и оспособување простор за работа, до 100 илјади денари, дополнуваат од МТСП.

 

Сотир Трајков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ