Лицата со попреченост се уште стигматизирани во општеството

Оваа случка е дел од секојдневието на лицата со оштетн вид. Суарет Алишан е лице со 99 проценти оштетен вид. Тој вели дека пристапноста до објектите,  неадаптираноста за слепите лица, како и малата инклузивност во образованието, пристап до здравствени услуги се поголемите проблеми со кои се соочуваат тие секојдневно . Неопходно е подигнување на јавната свест и отстранувањето на дискриминацијата и стигматизацијата. Но, напоменува дека еден од главните проблеми е недостигот на стручен кадар кој ќе работи пред се со децата со оштетен вид.

Македонија пред 7 години ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Претставникот на здруженијата на инвалидските организации Чедомир Трајковски вели дека тие не се задоволни од досегашното остварување на правата кои произлегуваат со оваа конвенција.

Народниот правобранител денеска ги соопшти резултатите од истражувањето за вклученоста на децата со попреченост во предучилишните установи. Генералниот заклучок е дека предучилишното образование не ги нуди потребните услови и можности за прием и оптимален развој на секое дете.

Во Македонија околу 10 проценти од граѓаните се соочуваат со некаков вид попреченост. Државата денес го одбележува Светскиот ден на лицата со попреченост.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ