Лицата со Даунов синдром се исти како и сите други

Генетиката дефинира дека тие имаат екстра хромозом, но лицата со Даунов синдром се исти како и сите други. Имаат исти интереси, сакаат да пишуваат и да пеат. Секој ден така да им покажат на луѓето колку тие можат да бидат креативни.

„Хоби ми е пишување. Сакам да пеам. Љубам да танцувам“ кажа Ена Митревска.

Ена денес дојде заедно со своите пријатели и други хумани луѓе. Се собраа повеќе од 600 во Градскиот парк. Трчаа еден километар за да го одбележат денот на лицата со Даунов синдром, а за трката секој учесник плати по двесте денари.

„Средствата собрани од овој настан одат за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром“ кажа Билјана Николовска Кузмановска, претседател на мечувалечкиот клуб „Ескрим“.

Сите деца се исти, да не ги делиме на такви со и без посебни потреби.

„Ова што се случува денес во Градскиот парк во Скопје е трка за сите, а родителите сметаат дека има уште многу начини на коишто државата може да ја подобри вклученоста и да ја подобри грижата за децата со Даунов синдром.“

Луѓето сметаат дека државата се труди, но секогаш може да направи повеќе и повеќе. Во некои училишта или факултети лицата со Даунов синдром се уште се нерамноправни со другите. Тоа мора да се искорени. Добар пример за тоа се и некои земји од Балканот.

„Во Словенија многу ги вклучуваме. Насекаде. Децата се вклучени во спортските активности, во образованието, во училиштата.“

„Не е ова трка за деца со посебни потреби. Ова е трка за сите деца. Тие уште повеќе да се вклучени во сите пори на државата.“

„Има уште можности, има уште шанси и мислам дека може да биде уште подобро.“

Децата со Даунов синдром од раѓање имаат различни таленти и способности. Затоа секое од нив има различен интелектуален напредок. Поради различностите, многу се разликува и нивниот успех во училиште.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ