
Лидија Димчевска официјално е претседател на скопска апелација
Судијката Лидија Димчевска останува во претседателската фотеља на скопска апелација. По седум месеци како в.д претседател, Судскиот совет едногласно ја избра за прв човек на судот, кој одлучва меѓу друго и по жалбите за предметите на СЈО за организран криминал. Димчевска беше трета на ранг листата од 11 каднидадти, според бодови. Нејзините колеги Ѓоко Радојков и Јованка Никодиновска не го добија потребното 2/3 тинско мнозинство. Кандидати беа и неколку судии од Кривичниот суд, меѓу кои судијката Добрила Кацарска која го води предметот „27 април“ и Огнен Ставрев од „Монструм“. По гласањето сите присутни членови на Судскиот совет објаснија зошто гласале за неа. Пресудно било тоа што има стаж од 31 година, од кои 18 години работи во судот што го раководи.
Судскиот совет го избра за виш управен судија пореншенииот член на ДИК Субхи Јакупи со 11 гласа за и 1 против. Јакупи во декември минатата година си поднесе оставка за аферата со огромните бонуси што ја обелодени американскиот амбасадор Џес Бејли. Јавноста бурно реагираше по информацииите дека челновите на дик за 18 месеци членовите земале 30 плати.
За судии во управен беа избрани Елизабета Васкова, поранешен генерален секретар на Судскиот совет и Имсале Асани, стучна соработничка од тетовскиот суд.
И вршителот на должност во дебарскиот основен суд Илир Исени, беше избран за претседател на овој суд.
Се пополни и едно судиско место во скопска апелација. Од дваесетина кандидати, членовите на судскиот совет со 10 гласа за и два против ја избраа судијката од кривичен Лирије Елези Ајрулаху.
Претседатлеот на судскиот совет Караџовски бара да се промени новата законска обврска на членовите на Судскиот совет да кажат зошто гласале за или против некој кандидат.
На некоја од наредните седници ќе се бира и судија за врховен. Денеска се одложи изборот за да се дополнат биографиите на пријавените судии со тоа колку години суделе во апелација.
Елена Ивановска Мукоска